Шестгодишното девојче од Куманово полицијата го пронајде во Гази Баба

Полицијата го пронајде шестгодишното девојче од Куманово откако нејзината мајка попладнево пријавила дека се оддалечила од домот, информираше СВР Куманово. Девојчето било пронајдено на подрачјето на Гази Баба.

– Денеска во 15: 00 часот во СВР Куманово С.Т. (28) од Куманово пријавила дека нејзината 6 годишна ќерка се оддалечила од домот. Девојчето било пронајдено на подрачје на Гази Баба, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: