Шести април нов датум за реизбор на Филипче за претседател на СДСМ

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички состојби, како и одложените внатрепартиски избори, кои беа ставени на пауза поради трагедијата во Кочани.

Опозициската партија го одредила 6 април како нов датум за избор на партиски претседател, откако реизборот на единствениот кандидат, Венко Филипче, беше закажан за 16 март – денот на кој се случи трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.

Мандатот на Филипче на чело на СДСМ истече на 21 март. Според статутот на партијата, Филипче и Димитар Ковачевски го продолжија мандатот на Зоран Заев по неговата оставка.

Пронајдете не на следниве мрежи: