Шести протест на битолчани против изградбата на регионалната депонија се одржа попладнево на плоштадот „Магнолија“ во Битола. Граѓаните на Битола решија собирите да ги одржуваат во центарот на градот, наместо пред зградата на Општина Битола.
„Стоп за депонија, не за онкологија“, „Битола не ја оставаме без иднина и поколение“ беа дел од транспарентите.
„Поднесовме писмено барање да ни го достават проектот за депонијата во Пелагонија, но го нема. Целта ми е да пристапите на пирамидалните информативни групи и сите да бидеме во мрежа“, рече Тони Апостоловски од координативното тело на иницијативата „Против депонија“.
Фото: Бабам Битола