Шестмина тешко повредени од сообраќајката кај Лесковац

Во нишката болница се хоспитализирани шест потешко повредени лица од сообраќајната несреќа што се случи во близината на Лесковац. Иако состојбата им е стабилна состојба, тие се со сериозни повреди. Синоќа повредени ги посети министерот за здравство Венко Филипче, кој претходно ги посети и повредените во болницата во Лесковац. Пред него во нишката болница беше и генералниот секретар на Владата Драги Рашковски.
–Во Клиничкиот центар во Ниш дојдовме на посета на посериозно повредените патници од превртениот автобус. Вкупниот број на пациентите кои овде се третираат изнесува шест. Засега се сите стабилни, но сериозно се повредени и им треба уште еден период од неколку дена во којшто нивните витални параметри ќе се следат. Кај двајца од тие шестмина може да дојде до ситуација во која што можеби ќе биде потребна и хируршка интервенција, изјави министерот Филипче во Ниш.
Во болницата во Лесковац се сместени осум полесно повредени патници, и како што рече Филипче, за ден до два ќе бидат упатени на натамошно домашно лекување во Македонија. Истовремено тој им се заблагодари на лекарите во болницата во Лесковац кои излегле на местото на несреќата во тешки услови – ноќ, снег и кал и им пружиле прва помош, како и на здравствените работници од болницата во Ниш.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.