Шест важни совети: Како да станете рано, а да не се чувствувате лошо?

Станувате рано и цел ден сте уморни и нерасположени? Или легнувате многу доцна, па не можете да се наспиете доволно?
Ако одговорите со ДА, ова се вистински совети за вас:
1. Избегнувајте да пиете кафе, црвено вино или да јадете чоколадо
Ако сакате да уживате во длабок и мирен сон, тогаш многу е важно да му ја обезбедите потребната смиреност на вашето тело. За да потонете во длабок сон, потребни се околу четири часа, а доколку имате постојани прекини во овој период, тогаш нема да го добиете потребниот одмор, а чувството на замор ќе се појави во утринските часови. Една од најчестите причини којашто доведува до немирен сон е консумирањето одреден вид храна и пијалаци коишто може да го нарушат вашиот дигестивен систем и да го прекинат вашиот сон. Кафето, црвеното вино и чоколадното млеко се типични вакви примери, па затоа, воздржете се од нив што е можно подолго време пред спиењето. Настојувајте да не ги консумирате овие производи после времето за ручек, но, доколку тоа не е возможно, обидете се барем да ги елиминирате од вашата исхрана по шест часот поручек.
2. Одете во тоалет пред да легнете да спиете
Некои луѓе одат во тоалет веднаш пред да отидат на спиење, но други имаат навика да читаат, да гледаат телевизија или пак, да играат игри пред да заспијат. За ова време мочниот меур може да се наполни. За да ги избегнете станувањата од кревет, а со тоа да го нарушите и вашиот сон, настојувајте да отидете во тоалет веднаш пред да заспиете. На овој начин поголема е веројатноста дека во текот на ноќта нема да имате потреба повторно да станувате, па така наутро ќе изгледате повеќе одморени.


3. Осигурете се дека вашата соба ги почитува основните фенг шуи правила
Иако фенг шуи не е нешто во коешто секој верува, сепак, со следење на неколку основни принципи за организирање на изгледот на вашата соба, можете да си обезбедите помирен сон којшто ќе придонесе да имате повеќе енергија наутро. Изгледот на вашата соба е најважниот аспект од фенг шуи, но исто така големо значење има и поставеноста на вашиот кревет. Имено, тој треба да биде поставен на таков начин што кога лежите ќе можете да ја гледате вратата, без да бидете директно изложени кога таа ќе се отвора. Ова овозможува високо ниво на сигурност кога спиете, при што имате поудобен сон. Понатаму, исто така значајни се и боите коишто ги користите во вашата соба. Позитивниот изглед може драстично да го подобри квалитетот на вашиот сон, па затоа обидете се да си создадете идеална атмосфера во собата каде што спиете. Се препорачува комбинација на сини и зелени нијанси, затоа што тие предизвикуваат чувство на спокој, смиреност и хармонија.
ШТО ДА ПРАВИТЕ ОТКАКО ЌЕ СЕ РАЗБУДИТЕ?
4. Фокусирајте се на нешто што ве прави среќни и возбудени
Чувствата на стрес и анксиозност секогаш се полоши во утринските часови, благодарение на комбинацијата на потсвесното размислување и зголеменото количество кортизол во телото. Ова може да направи да се чувствувате уморни, па затоа настојувајте да се фокусирате на нешто позитивно што треба да се случи тој ден. На пример, можете да планирате некој возбудлив настан или пак да мислите на патувањето коешто ве очекува. Со фокусирањето на вакви работи уште од почетокот на денот, вие ќе го се ослободите од чувството на замор.
5. Настојувајте да вежбате секое утро


Кога сте во можност да станете рано и да не се чувствувате уморни, тоа чувство може да исчезне доколку не го негувате. Затоа, тука може да ги вклучите рутинските вежби наутро, бидејќи тие имаат потенцијал да го подобрат вашето расположение и да го зголемат нивото на концентрација. Тоа е така затоа што едноставното вежбање, како што е на пример трчањето, може да ги намали симптомите на стрес, па и на болка во некои случаи. Исто така е докажано дека вежбањето наутро ја зголемува енергијата и за наредниот ден.
6. Хидрирајте го вашето тело уште кога ќе станете
Според различни истражувања, начинот на којшто го хидрирате вашето тело уште кога ќе се разбудите, многу влијае и на вашата ментална состојба. Испијте една чаша вода уште пред појадокот, па ќе му помогнете на вашето тело да се разбуди побргу. Во однос на консумирањето топол пијалак со вашиот појадок, трудете се да не консумирате кафе секојдневно. Иако уште одамна се смета дека ова е најдобар начин за да се стимулираат сетилата, сепак, одредени истражувања покажале дека вашето тело постепено се навикнува на ефектите од кофеинот, при што со текот на времето ќе ви биде потребно повеќе време за да ги постигнете саканите резултати. Консумирајте кафе, но трудете се тоа да биде умерено!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.