Шест знаци дека сте жртва на манипулатор

Емоционалните манипулатори ги користат вашите слабости и го употребуваат вашиот вокабулар за постигнување на своите цели.
Има шест јасни знаци кои укажуваат дека сте во лоша врска од која треба што е можно побрзо да побегнете.
Партнерот ги потценува вашите чувства
На емоционалните манипулатори важни им се само нивните чувства и потреби. Ако поради некоја причина лошо се чувствувате и им се доверите, ќе ве убедат дека сте смешни и претерувате. Тие се толку многу убедливи што и вие ќе поверувате во тоа.
Ве потценува додека сте во друштво момчето ве навредува и ве исмева
Емоционалниот манипулатор ги „лови“ вашите грешки и ве исмева за истите и не се грижи дали тоа вас ви пречи.
Вие сте одговорни за неговото лошо однесување
Емоционалниот манипулатор никогаш не презема одговорност за своите лоши постапки. Што и да направи ќе најде начин да ве обвини за својата агресивност или лутина.
Не ви дава објаснувања
На прашањето зошто е лошо разположен одговара дека вие и така нема да разберете. На тој начин суптилно ја доведува под знак прашалник вашата интелигенција.
Нему секогаш му е полошо од вас
Ако се пожалите дека сте имале лош ден на работа, тој ќе одговори дека неговиот бил полош. Емоционалниот манипулатор се грижи само за себе и нема да ви пружи утеха ако лошо се чувствувате.
Го менува своето однесување кога ќе сфати дека ви е доста
Емоционалниот манипулатор знае да почуствува дека вашето трпение е при крај и размислувате за прекин на врската. Тогаш станува неверојатно драг и шармантен, дури се извинува за се, но ако му успее да ве придобие, тогаш се враќа на старо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.