Шест критични фази до стабилен брак

Добриот брак значи работа на себе, толеранција и компромис. Сите имаат проблеми и недоразбирања во бракот, но понекогаш се чувствувате како да е најлесно да се откажете. Но, доколку сте ги надминале следниве неколку наведени непријатни фази, вашиот брак веројатно ќе трае засекогаш.
Критикување
Критиката може да биде добра работа, но партнерот понекогаш може да се чувствува како да го напаѓате и тоа може да стане голем проблем, посебно ако сте в брак. Критикувањето на висок тон укажува дека со него нешто не е в ред, па тој ќе почне да се брани, што може да доведе до огромна караница. Стручните лица советуваат укажувањето на туѓите грешки да биде со што поблаг и посмирен тон.


Давање отпор
Повеќето од нас имале мигови кога партнерот почнал „да гради ѕид“ и не сакал да разговара за да се реши некој проблем. Понекогаш тоа може да го доживеете како да Ве игнорира.
Психологот Џон Готман смета дека 80 отсто од мажите го прават тоа. Изгледа како ништо да не го мачи, но однатре – хаос. Така, ако треба да разговарате за проблем, одберете го вистинскиот миг – кога тој е посмирен и подготвен за разговор.
Ве привлекува некој друг?
Дури 70 отсто од мажените жени признаваат дека во одреден период ги привлекувал друг маж. Тоа е сосема нормално и не значи дека ќе извршите прељуба. Важно е да не реагирате на тие чувства и бидете свесни за она што правите.
Не се оддалечувајте од партнерот само затоа што во тој миг сте збунети. Во животот има многу искушенија, но довербата е една од највредните нешта во врската и тоа не треба да го прокоцкате и изгубите.


Презир и нетрпеливост
Било да се работи за саркастични коментари, превртување очи или зајадливо исмевање, ваквото однесување може да биде уништувачко за кој било однос. Работете на себе си и настојувајте кон партнерот да покажувате повеќе разбирање и љубов.
Размислувате да си заминете од сѐ
Деца, финансиска криза, „токсични членови“ на семејството можат да ве доведат до лудило. Се чувствувате како да не припаѓате таму и тогаш сѐ што сакате е да заминете и повеќе да не се вратите. Оваа фаза може да се случи во кој било период од бракот. Но, тоа е само моментно расположение во вашиот живот и ако заедно со партнерот работите на тој проблем, брзо ќе ја надминете таа криза. Бракот значи споделување на среќата, но и на проблемите.
Прифаќање и простување
Ова е фаза кога сфаќаме дека не може импулсивно да ги решаваме проблемите, како во врската. Кога ќе бидете подготвени да му ја простите на сопружникот неговата тврдоглавост и ги прифатите неговите добри и лоши страни, тогаш е сигурно дека вашиот брак ќе трае засекогаш.
По надминувањето на сиве овие фази и стекнатото искуство, вашиот однос и бракот воопшто, ќе бидат поцврсти. Кавгите ќе бидат поретки, а проблемите ќе се решаваат со брз договор. Со поголема доверба, и двајцата ќе се чувствувате посигурно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.