Шест малолетници уапсени во Грција за силување момче: Изживувањето траело со месеци

Шест малолетници се уапсени поради повеќекратното силување на 15-годишно момче.

Според весникот Екатимерини, група малолетници силувале момче во период од два месеци и сето тоа го снимиле.

Шестмината уапсени се соочуваат со обвиненија за повеќекратни силувања, детска порнографија и кршење на законите за дрога и оружје.

Екатимерини јавува дека при претрес на куќите на осомничените полицијата пронашла и запленила пакет со 5,12 грама канабис, рендани со остатоци од канабис, мобилни телефони, прецизни ваги и други предмети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.