ШЕСТ НОВОЗАРАЗЕНИ ЛИЦА: 4-годишно девојче од Штип е најмладиот заразен пациент во Македонија!

До 16:00 часот дијагностицирани се 6 нови пациенти, заболени со коронавирус, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакна министерот за здравство Венко Филипче.
-Се работи за едно девојче од Штип на 4-годишна возраст, кое се инфицирало во градинка во Англија. Семејството се вратило во земјата на 14 март и било во домашна излоација. На тестирање се јавиле вчера, два дена откако девојчето ги почуствувало првите симптоми.
Во Дебар се регистрирани 3 нови случаи на коронавирус, тестовите се направени во рамките на скринингот.

Во Скопје е регистриран 1 случај, контакт на претходно дијагностицираните.
И во Гостивар е потврден случај на коронавирус. Се работи за жена вратена од Швајцарија која била во домашна изолација. На тестирање се јавила сама, а на епидемиолошката анкета навела дека имала контакт со заболен во Швајцарија.
Во моментов се тестираат 35 лица, кога ќе бидат готови резултатите ќе ја известиме јавноста, се вели во неговиот пост на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.