Речиси шест отсто намален извоз и трговски дефицит од 2,9 милијарди евра покажуваат бројките на Државниот завод за статистика (ДЗС) за периодот јануари ноември минатата 2024 година.
Во единаесетте месеци од 2024 година има и незначително намалување на извозот. Најмногу се извезувале катализатори и проводници за палење а најмногу се увезувале нафтените масла.
Бројките на статистика потврдуваат дека рецесијата во Германија, најголемиот трговски партнер на македонските компании, се одрази и кај нас.
Анализата на статистика покажува дека во периодот јануари – ноември минатата година извозот на стоки е намален за 5,9 проценти споредено со 2023 година а увозот за 0,7 проценти.
Гледано во пари, во првите 11 месеци минатата година македонските компании извезле стока вредна 7,2 милијарди евра а увезени се производи во вредност од 10, 1 милијарда евра. Трговскиот дефицит изнесува 179 милијарди денари или 2,9 милијарди евра а покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – ноември 2024 година, изнесува 71.3 %.
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, другите метали од платинската група и нивни легури, и други моторни возила за превоз на лица, велат од државнито завод за статистика.
Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, во периодот јануари – ноември минатата година Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.
Од бизнис секторот се сериозно загрижени од кризата која ја зафати германската економија, а која се одразува и на домашната индустрија.
Според, последните бројки на статистика пад на производството кај нас има кај облеката, храната, текстилот, пијалаците во рударството, кај снабдувањето со енергија, гас, пареа.
Извор: Телма