Шест пораки што вашето тело ви ги испраќа преку зголемено потење

Често се потите, без разлика кое годишно време е и колку е жешко надвор? Можеби е време да го слушате вашето тело и да сфатите што сака да ви каже со прекумерно потење.
Вие сте под стрес
Можете лесно да препознаете дали сте под стрес од мирисот на потта. Кога ни е жешко, се активираат екскрините жлезди кои се наоѓаат по целото тело и произведуваат пот, главно, се состои од вода и сол и нема изразен мирис.
Кога сме под стрес, потта ја создаваат апокрините жлезди кои се наоѓаат само на одредени делови од телото како пазувите. Оваа пот е составена од масти и протеини кои се мешаат со бактериите на нашата кожа и со тоа создаваат непријатен мирис.
Ширите позитива или страв
Истражувањата покажаа дека луѓето околу вас можат да препознаат што чувствувате од мирисот на потта. Во еден експеримент, 36 жени морале да помирисаат примероци од пот од 12 мажи кои претходно гледале филмови со задача да ги направат среќни или исплашени.
Кога жените мирисаа пот на исплашени мажи, мирисот им предизвика слична реакција на страв и одвратност. Кога мирисаа пот на среќни мажи, тој мирис предизвика во нив блага реакција и се насмевнуваа.
Имате опасност од топлотен удар
Шетате во текот на жешкиот летен ден и во еден момент се чувствувате како да веќе не се потите и имате вртоглавица. Она што го доживувате се нарекува анхидроза, состојба во која не можете нормално да се потите и за време на кое вашето тело не може да се „олади“ со потење.
Ако во тој момент не го хидрирате веднаш вашето тело со вода, имате опасност од топлотен удар. Засолнете се под сенка или во малку климатизирана област и пијте вода. Никогаш не пијте алкохолни пијалаци или пијалаци со кофеин, бидејќи тие предизвикуваат дехидрација.

Вашиот шеќер во крвта опадна
Зголеменото потење е еден од симптомите на ненадеен пад на шеќерот во крвта. Можете лесно да го решите овој проблем со консумирање чоколадо или било какви бонбони.
Вие сте бремена или влегувате во менопауза
Ако постои можност дека сте бремени или пред менопауза, тогаш обрнете внимание на потењето. Сите процеси во телото кои влијаат на ендокриниот систем можат да предизвикаат зголемено потење. Ова е токму тоа што се случува со повеќето жени кои влегуваат во менопауза и се борат со валунзи.
Слична работа се случува во раната бременост. Тогаш хормоналните промени предизвикуваат промена на „термостатот“ на мозокот, поради што можете да ја почувствувате топлината дури и во многу климатизирани простории и да потите повеќе.
Имате хипердријаза
Ако не можете да ја пронајдете причината за зголемено потење, посетете лекар затоа што е можно да имате хипердријаза. Тоа е состојба на прекумерно и неконтролирано потење кое ги надминува потребите за нормална терморегулација на организмот. Луѓето кои имаат хипердријаза потат во моментите кога не треба, на пр. кога седат мирно во ладна просторија. Нивното потење е претерано до тој степен што потта се испушти од дланките во вакви моменти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.