Шест тинејџери ги загубија животите а уште двајца се повредени во сообраќајна несреќа во неделата во американската сојузна држава Охајо, пренесува локалната телевизија Newsnet5.Несреќата се случила околу 7,30 часот по локално време, во градот Ворен. Теренецот „хонда“ со кој се превезувале осум лица на возраст од 14 до 19 години, ја загубил контролата, ја пробил заштитната банкина и се урнал во езерото.На местото на несреќата ангажирани се полициски екипи и нуркачи. Настраданите биле префрлени во локалната болница.Како што пренесува телевизијата повикувајќи се на локалната полиција, причина за трагедијата најверојатно е преоптовареност на возилото. Исто така, полицијата соопшти дека ниеден од патниците во спортскиот теренец не бил врзан со безбедносниот ремен.
МакфаксШест тинејџери ги загубија животите а уште двајца се повредени во сообраќајна несреќа во неделата во американска