Шест типови на мажи кои не се добар „материјал“ за брак

Можеби звучи грубо, но некои мажи се добар „материјал“ за брак, а некои не се. Во брачна заедница се бара верност, искреност, предаденост, подготвеност за компромиси и ставање себеси на второ место.
Некои фраери тие квалитети едноставно ги немаат, а еве кои шест типови на мажи не се пожелни сопрузи.
1. Маж кој ви го скршил срцето и никогаш не ви се извинил за тоа
Тоа што тој се гледа со вас до крајот на животот во среќен брак, не значи дека не му е жал што некогаш ве повредил. Иако секој може да погреши, да бидеш способен да ја признаеш грешката и да бидеш со некој кој може да го направи тоа е навистина многу важно за среќен брак.
2. Неверен маж
Заблуда е дека мажот кој бил во врската неверен во бракот одеднаш ќе се преобрати и ќе стане верен. Па дури и да биде така, на тој маж никогаш нема да може да му верувате во целост. А, тогаш, каков брак е тоа?
3. Егоистичен маж
Во љубовта и во бракот, некогаш потребно е самите себе да се ставиме на второ место. Фраерите кои премногу се окупирани со себе и со самите себе, не се способни вашите потреби да ги стават на прво место, поради што не се добри брачни сопатници.


4. Измамник
Маж кој ќе измами некого за да дојде до побрза и полесна заработка, па дури и тоа да е неговиот шеф кој тоа го заслужил, не е личност на која можете да ѝ верувате. Во случај тоа никогаш не ви го направил вам, не знаете како може вие да настрадате поради вашите дела.
5. Мрзеливост
Спротивната крајност на работохоличар е мрзеливост. Иако моментално е невработен, во вашата врска може да придонесе ако на себе ги преземе домашните обврски, грижа за децата и слично. Која жена сака сопруг кој само лежи на кауч, гледа ТВ и ништо не прави?
6. Маж кој не знае да се носи со проблемите
Во венчалните завети, делот „во добро и во зло“ не постои без причина. Мажот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некој проблем, нема да биде покрај вас кога најмногу ќе ви е потребен. Не ви треба сопруг на кој нема да може да се потпрете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.