Рејчел Зеглер, млада американска актерка и пејачка со колумбиско-полски корени, ја глуми Снежана во новата верзија на класичната бајка, а поради нејзиното однесување Дизни се најде во огромни проблеми.
Нејзиниот подем во Холивуд започна со улогата на Марија во адаптацијата на Спилберг на легендарниот мјузикл „West Side Story“.
Нејзиниот следен голем проект е улогата на Снежана во адаптација на Дизни на анимираната класика од 1937 година. Филмот во кој Гал Гадот ја игра злобната кралица, деновиве се најде на насловните страници бидејќи, како што се пишува, шефовите на „Дизни“ не знаат како да го зауздаат однесувањето на Рејчел Зеглер, која не се откажува од своите цврсти ставови.
Имено, младата актерка даде низа коментари во кои го критикуваше оригиналниот класик од 1937 година поради неговиот „сексистички“ традиционален љубовен заплет и „старата“ љубовна приказна.
-Главната глумица на „Дизни“ е надвор од контрола. Не знаат што да прават со неа. Таа е многу отворена 20-годишна девојка и директорите на „Дизни“ директно ја замолија да ги ублажи своите објави и изјави. Се јавуваа кај нејзините менаџери, но таа не сакаше да слуша. Така беше во текот на целото снимање. Но, вознемирувачко е поврзувањето на нејзините ставови со „Снежана“ – изјави извор за Page Six.
За филмот се пишуваше и поради поделените политички ставови на двете главни актерки, Гал Гадот која го поддржува својот Израел, додека Рејчел Зеглер е на страната на Палестина.
Бројни контроверзи предизвика и изборот на Рејчел Зеглер за улогата на Снежана. Дел од публиката изрази неодобрување бидејќи Зеглер, актерка со колумбиско потекло, глуми лик кој традиционално се опишува како девојка „бела како снег“. Зеглер одговори на критиките нагласувајќи ја важноста на различноста и застапеноста во филмската индустрија и нагласи колку е горда што може да ја претставува латиноамериканската заедница како „латино принцеза“.
Родена на 3 мај 2001 година во Хекнсак, Њу Џерси, Рејчел Ен Зеглер уште од мали нозе покажала страст за глума и пеење.
Списанијата како Форбс, Тајм и Варајети го препознаа нејзиното влијание, ставајќи ја и на нивните листи на највлијателни млади луѓе. Зеглер е активен поборник за различност и инклузија, нагласувајќи ја важноста од автентичното претставување на Латиноамериканците во забавната индустрија.
Пронајдете не на следниве мрежи: