Шефот на СЗО предупредува: Забрзува пандемијата на КОРОНАВИРУСОТ
Новата пандемија на коронавирусот повеќе од јасно е дека „забрзува“, предупреди Светската здравствена организација во понеделникот, но рече дека сè уште е можно да се „смени траекторијата“ на епидемијата.
Забелешките се случија кога бројот на починати се искачи во изминативе денови на над 15.000 (во моментов на пишување на текстот 16,350) , со над 341.000 луѓе заразени ширум светот, според извештајот што го состави АФП од официјални извори.
„Пандемијата забрзува“, рече на новинарите шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, во еден виртуелен брифинг за новости.
Тој рече дека биле потребни 67 дена од почетокот на појавата на избувнување во Кина кон крајот на декември, за вирусот да ги зарази првите 100.000 луѓе ширум светот.
За споредба, потребни се 11 дена за вторите 100.000 случаи и само четири дена за третите 100.000 случаи, рече тој.
За бројот на случаи, се верува дека претставува само дел од вистинскиот број на инфекции, при што многу земји само ги тестираат најтешките случаи кои имаат потреба од хоспитализација. Така што реално не е позната вистинската бројка.
Па потоа прочитајте уште и ова:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.