Шефот на тајната иранска служба бил израелски шпион

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад откри шокантна информација во јавноста – шефот на единицата на иранската тајна служба формирана поради агентите на Мосад кои „оперираат“ во Иран всушност бил израелски агент.

Во интервју за Си-Ен-Ен Турк, Ахмадинеџад тврди дека уште 20 агенти во иранскиот разузнавачки тим, задолжени за следење на активностите на израелската разузнавачка служба, се исто така свртени против Техеран, односно дека тие биле израелски тајни агенти.

Наводните двојни агенти му обезбедувале на Израел чувствителни информации за иранската нуклеарна програма, според Ахмадинеџад, што тогаш беше на големо објавено од меѓународните медиуми.

„Тајмс оф Израел“ потсетува дека официјален Техеран често тврди дека ги спречил операциите на Мосад во земјата, но вистинитоста на таквите тврдења е нејасна. Минатиот месец, се вели, иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда тврдеше дека 12 лица биле уапсени под сомнение дека служеле како оперативци кои соработувале со Израел и планирале акти против иранската безбедност.

Пронајдете не на следниве мрежи: