Шеќеринска не кажува дали Владата очекува оставка од Османи

– Функционирањето на правната држава значи дека никој не е над законот, но владеењето на правото исто така значи дека постапките ќе дефинираат дали некој е одговорен, носи таква одговорност или не. Како Влада покажавме дека нема да се мешаме во работата на органите кои мора да бидат независни. Знаеме дека постоеја дилеми, знаеме дека постоеја различни критики дека аршинот е различен. Се покажува уште еднаш дека во оваа држава сите ние ќе бидеме еднакви пред законот, изјави заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана,Радмила Шеќеринска.
– Од почетокот на мандатот на оваа Влада кажавме дека ќе се држиме до правилото да не се мешаме во работата ниту на обвинителствата, ниту на судството и тоа вчера се покажа дека е точно и дека не се празни зборови. Вицепремиерот Бујар Османи имаше изјава до јавноста во која кажа дека ги поздравува истрагите дека нема од што да се плаши и дека очекува постапката тоа и да го покаже – рече Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за новите обвиненија на СЈО и дали како Влада очекуваат оставка од Османи.
Таа посочи дека Владата не сака да биде ниту обвинител, ниту да им се меша, не сака да биде судија, ниту да им се меша.
– Покажуваме дека владеењето на правото може да функционира само ако важи за сите. Покажуваме дека не бараме специјален третман и дека сме убедени дека само на таков начин Македонија може да оди напред – дополни таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.