Шеќеринска облечена во боите на грчкото знаме испратила повеќе пораки (ВИДЕО)

Многумина забележаа дека при посетата на грчкиот премиер, Алексис Ципрас гардеробата на нашата министерка за одбрана, Радмила Шекеринска случајно или не беше во боите на грчкото знаме. Во интервју за “360 степени“ министерката Шекеринска откри дали се работело за случајност.
“2 април многумина го гледаа само низ призмата на посетата на грчкиот премиер и грчката владина делегација, но 2 април е и ден кога обично во сино се одбележува нашата поддршка на лицата со Даунов синдром. Мислам дека и двете пораки се позитивни пораки, па кој како сакаше коментираше. Сината боја е и бојата на НАТО, а нашата желба е да станеме членка и на НАТО и на ЕУ“, изјави Шекеринска.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.