Шеќерот е вистински убиец, а вежбањето не е доволно за да се справите со него

Еден текст објавен во Британскиот весник за спортска медицина, напишан од тројца експерти, јасно го изнесува фактот дека вежбањето не е главното нешто за коешто треба да бидете загрижени кога сакате да ослабите. Науката одново и одново докажува дека она што го јадеме има поголемо влијание на нашата тежина и нашето здравје за разлика од вежбањето.
Шеќерот е вистински убиец, а вежбањето не е доволно за да се справите со него
Всушност, можете да вежбате секој ден од неделата, и пак да не ги изгубите непосакуваните килограми поради начинот на исхрана. Дури и ако не сте со прекумерна тежина, можно е да имате проблеми со здравјето поради исхраната. Потребна е голема трансформација во начинот на којшто ги гледаме здравјето и слабеењето.


Иако вежбањето навистина помага, самото по себе не може да направи ништо за да ослабите. Очигледно го подобрува вашето здравје, но ако не внимавате на исхраната нема да се ослободите од килограмите. Но, ќе ви се намали ризикот од срцеви заболувања, дијабетес и некои видови рак. Покрај тоа, изминативе три децении вежбањето се нема променето, а сè повеќе и повеќе луѓе стануваат дебели, или се доближуваат до границата. Ова е под директно влијание на достапноста на преработена храна којашто е полна со шеќер, како и засладените, газирани пијалаци. Пиењето, пушењето и недоволната физичка активност предизвикуваат помалку болести за разлика од нездравиот начин на исхрана.
Најголемиот проблем овде е тоа што оние кои не се дебели и кои вежбаат, ќе имаат поголем ризик од хронична болест или прерана смрт поради нездравата исхрана. Ќе имаат проблеми со метаболизмот кои обично се гледаат кај дебелите луѓе – проблеми со срцето и црниот дроб, како и хипертензија.


Многу често слушаме дека повеќе луѓе се здебелуваат поради постојаното седење. Наместо да ги прифатат советите за здрава исхрана, луѓето продолжуваат да веруваат во митот дека само вежбањето може да им ги реши проблемите.
Она што луѓето треба да го разберат е дека калориите во шеќерот овозможуваат складирање на повеќе сало и брзо прават да чувствувате глад. Количеството шеќер во само една лименка газиран пијалак може да ви ги зголеми шансите да добиете дијабетес, без разлика колку вежбате. Најважниот дел од секоја рутина за слабеење треба да биде ограничување на бројот на калории, особено на јаглехидратите.
Погледнете и што ќе се случи со вашето тело кога ќе престанете да консумирате шеќер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.