Шилегов го нарече Мисајловски (кендо) „шарлатан“
Шилегов, во вечерашното гостување на ТВ 24 употреби навредливи зборови за потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски Кендо, откако тој пак него го обвини дека биле злоупотребени многу пари за тревникот на плоштадот во центар.
„Мисајловски е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Според мене, тоа треба да биде сериозна фунција. За мене е обичен шалабајзер, шарлатан. Да правиш селфи на плоштад и да тврдиш дека тревата чини 538 илјади евра значи дека си шарлатан, хоштаплер, полуписмен примитивец. Со класична лага сака да ќари политички поени. Дајте кривична пријава, ако тврдите дека не е тоа не е лага“ – изјави Шилегов.
И продолжи со уште пожестоко темпо – „Јас сум секогаш подготвен да примам критика. Но потпретседател на политичка партија да пласира лажна вест, тој е шалабајзер, не е политичар. Во Македонија треба да престанеме со двојните аршини. Таквите луѓе конечно треба да бидат наречени со нивното висинско име: шарлатани“.
До каде ќе оди оваа работа со партииве само Господ знае…
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.