Откако скопскиот градоначалник, Петре Шилегов се најде на мета на критики реши да се извини. Додека граѓаните се гушат и бараат спас, тој игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправа за загадувањето. Во изјава за „Независен“ Шилегов признава дека оваа постапка е гаф и им се извинува на граѓаните.
„Да, тоа е гаф. Но, тоа не е мојот однос ниту кон проблемот на загадувањето, ниту кон граѓаните ниту кон Собранието. Затоа им се извинувам на граѓаните. Тоа е мојот однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави лицемерните и лажни политички пароли паушалниот поглед на проблемите на Ѓорчев и ДПМНЕ се причината што овој град е таму каде што е. До моето доаѓање на оваа позиција тие го водеа градот и живееме во последиците на паушалните политики и говори и пристап кон градот. Ѓорчев и ДПМНЕ од мене не заслужуваат повеќе“.