Новиот Шкода Рапид (ŠKODA Rapid) се закити со престижната светска награда –„RED DOT“ за исклучителен дизајн на производот.Оваа меѓународна награда се доделува секоја година во рамките на светскиот натпревар за дизајн, каде се наградуваат најдобрите дизајни на новите производи, а Шкода Рапид е шести модел на Шкода кој ја добива наградата „RED DOT“. Изборот го направи стручно жири составено од 37 реномирани дизајнерски експерти, а оваа година за наградата аплицирале вкупно 4.662 нови производи од 54 земји – што воедно е и најголем број на апликации во историјата на „RED DOT” наградите.Експертите од жирито секоја година спроведуваат тестови на новите производи и внимателно ги оценуваат според повеќе критериуми: нивното ниво на иновација, функционалност, ергономијата, долготрајност, еколошка компатибилност итн. За 2013 година, наградите „RED DOT” беа доделени во 19 различни категории.Совршените пропорции, јасните и чисти линии на новиот Шкода Рапид ги освоија симпатиите на жирито, кое реши да му го додели врвното признание како потврда за неговиот исклучителен дизајн и квалитет. Рапид е првиот модел на Шкода што во 2012 го имаше новиот дизајнерски израз на брендот. Дизајнот е јасен, прецизен, свеж и емотивен.Покрај својот карактеристичен изглед, Рапид импресионира со многу простор, одличен сооднос цена / вредност, целосна опрема за безбедност и штедливи мотори. Овој компактен седан поставува стандарди во својата класа и може да се пофали со голем багажен простор од 550 литри.„Дизајнерскиот тим на Шкода и јас сме многу среќни за оваа награда. Ние напорно и посветено работевме на развојот на новиот дизајн на Шкода, а Рапид е првиот модел од нашата гама со овој нов дизајн. За нас, оваа награда претставува големо признание за нашиот труд”- изјави Јозеф Кабан, директор за дизајн во Škoda Autо.
МакфаксНовиот Шкода Рапид (ŠKODA Rapid) се закити со престижната светска награда –„RED DOT“ за исклу