Шладминг првпат домаќин на ноќен велеслалом

Австрискиот зимски центар Шладминг на 25 овој месец на патеката Планаи прв пат во историјата ќе организира велеслалом од Светскиот куп под рефлектори.

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) вчера одлучи откажаниот машки велеслалом од германски Гармиш – Партнекирхен да се одржи во Шладминг.

Трките од Светскиот скијачки куп што беа првично закажани да се возат во Гармиш-Партнекирхен на 28 и 29 овој месец беа одложени минатата недела поради неповолна временска прогноза.

Во Гармиш – Партенкирхен беше закажан и машкиот спуст, а засега не е познато дали и на кое друго место ќе биде одржана трката.

Пронајдете не на следниве мрежи: