Шницли со шампињони

4 свински шницли
300 г парчиња свежи шампињони
200 г коцки чадена сланина
100 г ајвар
1 главица кромид
150 мл хопла
150 г брашно
1 лажица сув зачин
масло, сол и мелен црн пипер по вкус
Шницлите посолете ги, и наросете ги со сув зачин и црн пипер. Свалкајте ги во брашно, испржете ги и ставете ги во тава за печење.
Во тавата на оган испржете ја сланината. Кромидот измиксајте го и заедно со шампињоните додадете ги во тавата. Посолете и додадете црн пипер. Во тавата со испржените шампињони додадете ги ајварот и хоплата. Промешајте, нанесете на шницлите и печете 30 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.