Луѓето доживуваат две ненадејни фази на забрзано стареење, покажа истражување објавено во списанието „Nature Aging“.
Според таа студија, првиот „скок“ се случува во просек околу 44-годишна возраст, а вториот околу 60-годишна возраст, објави денес порталот „Science Alert“
Истражувачи од Универзитетот Стенфорд следеле 108 возрасни лица, земајќи примероци од крв, кожа и микробиом со повеќе од 135.000 биолошки карактеристики, во текот на неколку години.
Анализата покажа дека околу 81 процент од проучуваните молекули доживеале нагли промени во две фази, кои вклучувале метаболизам на липиди и јаглехидрати, кардиоваскуларно здравје, функција на кожата и мускулите, имунолошкиот систем и бубрезите.
Првиот скок во средината на четириесеттите години опфаќа промени и кај мажите и кај жените, вклучувајќи ги и жените кои минуваат низ перименопауза, додека вториот во шеесеттите години предизвикува дополнителни молекуларни промени.
Авторите на студијата забележуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се разјаснат факторите што ги предизвикуваат овие нагли промени и подобро да се разбере биологијата на стареењето.
The post Шокантна студија од Стенфорд: 2 пати во животот луѓето НАГЛО СТАРЕАТ! Еве ги годините appeared first on Во Центар.



