недела, 29 ноември 2026
Најново

ШОКАНТНО видео од нападот врз Д-Р ШАХИНИ .Улична камера го сними обидот за убиство

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Снимка од безбедносна камера го открива моментот на нападот врз функионерот  на опозицискта ДУИ во Куманово. На сникмата се гледа дека  напаѓачот е сам , објави скопската Тв 21.

 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Снимка од улична камера, објавена од ТВ 21, ја прикажува целата сцена на вооружениот напад што се случи попладнето во Куманово. На видеото се гледа како напаѓачот, облечен во качулка, се доближува до автомобилот со кој се возел д-р Зеќирија Шахини – носител на листата на опозициската ДУИ за советот на Општина Липково – и како напаѓаќот рафално пука кон него.
Наспроти првичната информација од МВР дека нападот го извршиле двајца напаѓачи, снимката покажува дека тој што пука е сосема сам.

Д-р Шахини, лекар-пулмолог на скопската Клиника за пулмологија, бил ранет во ногата. Министерството за здравство соопшти дека неговата состојба е стабилна и дека закрепнува.
Од опозициската ДУИ остро го осудија нападот и побараа од полицијата и обвинителството веднаш да го пронајдат и казнат сторителот. Осуда има од речиси сите политички субјекти во трката за локални избори 2025.

Поврзани вести