Уапсено е 14-годишно девојче наводно од Црна Гора, кое во Австрија планирало терористички напад. Според „Клајн Цајтунг“, тоа планирало напад на Јакоминплац во Грац, а од државната безбедност го спречиле тоа, пренесува РТЦГ.
При претресот на куќата, истражителите пронашле секира и нож.
„14-годишното девојче, кое е црногорски државјанин, сега е во притвор“, се наведува во текстот и се додава дека пред неколку дена наполнила 14 години и дека затоа е кривично одговорна.
https://x.com/RiskMapOfficial/status/1791904225720783040