Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека Германија би можела значително да го зголеми своето население во наредните години бидејќи владата се обидува да ја поттикне имиграцијата за да спречи недостиг на работна сила и пензиска криза.
Владата работи на привлекување странски работници и се проценува дека населението ќе порасне за седум отсто до 90 милиони до 2070 година, рече Шолц на граѓанскиот форум во Потсдам, недалеку од Берлин, пренесе Ројтерс.
Германската влада минатиот месец се согласи за плановите за реформирање на законот за имиграција, бидејќи Берлин се обидува да го отвори пазарот на трудот за многу потребните работници надвор од Европската унија.
Солц рече дека сегашниот раст на населението, кој делумно се должи на зголемената имиграција, значи дека владата можеби нема да ги зголеми пензиските придонеси пред крајот на нејзиниот мандат во 2025 година.
Германскиот завод за статистика минатата недела објави дека германското население најверојатно ќе порасне за еден милион до 84 милиони оваа година поради миграцијата од Украина.
Во следните децении може да достигне 90 милиони, доколку имиграцијата е висока, додава Институтот.