Единствената исправна одлука на ЕУ е да ја награди Македонија за напорите кои ги има сторено на патот кон Унијата, порача германскиот канцелар Олаф Шолц на самитот ЕУ- Западен Балкан во Тирана.
Шолц ја апострофираше Македонија како земја која мора да биде наградена за своите напори да се приближи кон ЕУ, пренесува Дојче веле.
- Во големите пожари во Лос Анџелес изгоре и вилата на екс-напаѓачот на Арсенал
- Скандал на погребот на Џими Картер! Ова е видеото за кое сите зборуваат, а главни актери се Меланија, Трамп и една жена (ФОТО/ВИДЕО)
- Откриени чет групи на Телеграм каде се разменувале видеа, фотографии и совети за силување на жени
- Драма во Бразил! Авионот се урна при слетување! Падна покрај плажа, има мртви! (ВИДЕО)
- 2024 година е најтоплата година досега
- Јованка Тренчевска избрана за претседателка на Клубот на пратенички
- Македонија со значително подобрување на економскиот сентимент во 2024 година
- ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
- Одбележување на 17-годишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа 11 припадници на Армијата
– Сакаме да направиме сѐ, за Македонија да биде успешна во своите напори, и јас сум му многу благодарен за активностите на шефот на владата, кој вложува големи напори за да ги исполни условите кои беа наметнати однадвор. Мора да се каже дека Македонија постигна голем напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување и вложува многу напор. Во тој поглед, тоа е единствено исправно“, порача Шолц на прес-конференцијата на самитот.
Тој го повтори повикот за побрз влез на земјите од Западниот Балкан во ЕУ.
– Јасно е дека 20 години откако на овие земји им беше дадено ветување за влез, тоа мора и да се случи, рече германскиот канцелар.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.