Шолц за нападот во Магдебург: Моите мисли се со жртвите и нивните семејства

Германскиот канцелар Олаф Шолц вечерва се огласи по терористичкиот напад во Магдебург, велејќи дека „се случило нешто страшно“. Шолц во изјавата рече дека неговите мисли се со жртвите и нивните семејства и им се заблагодари на спасувачите кои работат во овие тешки моменти.

„Извештаите од Магдебург сугерираат дека се случи нешто страшно. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Ние стоиме покрај нив и покрај жителите на Магдебург. Им благодарам на посветените спасувачи во овие вознемирени часови“, рече Шолц.

Напаѓач, кој според германските медиуми е 50-годишен доселеник од Саудиска Арабија, со голема брзина влета во толпа на божиќниот базар во Магдебург, убивајќи 11 луѓе и повредувајќи околу 80, според медиумите.

Германската политичка елита брзо реагираше на веста од Магдебург.

Фридрих Мерц, лидер на ЦДУ и кандидат за канцелар, рече дека веста од Магдебург е многу депресивна. На платформата X и додаде:

„Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Им благодарам на сите итните служби кои на лице место им укажаа помош на повредените“.

Алис Вајдел, лидерка на десничарската партија АфД, исто така, изрази тага и загриженост.

„Сликите од Магдебург се шокантни! Моите мисли се со ужалените и повредените. Кога ќе заврши ова лудило?“, напиша таа на X.

Пронајдете не на следниве мрежи: