Шолц: Напорно работиме да го решиме спорот меѓу Белград и Приштина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Берлин укажа на потребата да не се отстапува од процесот на натамошно приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и посочи дека тоа подразбира и решавање на различни спорови, вклучително и меѓу Белград и Приштина.

„Ние работиме напорно за да ја решиме навистина тешката ситуација меѓу Косово и Србија. Јас сум секогаш на страната на процесот на проширување“, рече Шолц на прес-конференцијата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, додавајќи дека се надева оти ќе биде постигнат напредок во спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Тој потсети дека на земјите од Западен Балкан им било ветено членство во ЕУ пред 20 години на самитот во Солун во 2003 година.
„Тука сме единствени“, рече Шолц.
Тој посочи дека во изминатиот период разговарал со претставници на различни земји за да се увери дека билатерализацијата не доведе до отстапување од тој процес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.