Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази уверување дека ќе успее да постигне договор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заедничка стратегија за Украина, а тоа го изјави откако тие разговараа по телефон.„Убеден сум дека можеме да развиеме заедничка стратегија за Украина. Мојот основен принцип останува дека ништо не може да се реши без учество на украинскиот народ во тоа “, рече Шолц во интервју за медиумската група „Функе“, пренесува Ројтерс.Тој додаде дека имал „исцрпни“ разговори со Трамп и дека неговиот тим е во директна комуникација со советниците за безбедност на Трамп.Украина ќе биде клучна тема во кампањата за предвремените избори во Германија, кои ќе се одржат во февруари, посочува агенцијата.Лидерот на конзервативната опозиција Фридрих Мерц, кој се очекува да се обиде да го замени Шолц, изјави дека Германија треба да испрати крстосувачки ракети Таурус во Украина, што Шолц го отфрли, велејќи дека тоа може да придонесе за ескалација на војната.Во понеделникот, за време на посетата на Киев, Шолц најави нова воена помош за Украина и рече дека Берлин ќе стои на страната на Киев се додека е потребно.
Пронајдете не на следниве мрежи: