Хулуси Акар и неговиот колега Хакан Фидан се сретнаа со сирискиот министер за одбрана Али Махмуд Абас и шефот на разузнавачката служба Али Мамлук, а присуствуваше и министерот Шојгу, соопшти турското Министерство, пренесе Ројтерс.
„Сириската криза, прашањето за бегалците и заедничката борба против терористичките организации на сириска територија беа теми на конструктивната средба“, додаде турското министерство.
Турската, руската и сириската страна се согласија да продолжат со трилатералните состаноци.
Ројтерс оценува дека денешната средба е јасен знак за нормализирање на односите меѓу Турција и Сирија.