Шојгу му порача на Путин: НЕ ПОТОПИЈА!

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал претседателот Владимир Путин дека големиот десантен брод „Новочеркаск“ е оштетен во пристаништето Феодосија на Крим.

Бродот бил уништен додека одбивал напад на украинските вооружени сили.

„Министерот за одбрана Шојгу го информираше Путин за нападот на украинските вооружени сили врз Феодосија и оштетувањето на големиот десантен брод Новочеркаск“, рече Песков.

(Видео) Божиновска: Многу неправилности во енергетскиот сектор
Состојбата со енергетскиот сектор е катастрофална, истакна во гостување во Бизнис муабети министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Министерката зборуваше за енергетскиот систем, неправилности кои …
По текст на Инфомакс ДКСК оформи предмет за незаконското назначување на в.д директор на ЈЗУ Здравствен дом Македонски Брод
Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет за именувањето на в.д директор на ЈЗУ Задравствен дом Македонски Брод, потврдија од ДКСК за Инфомакс. – До Државната комисија …

Според последните информации од Министерството за вонредни состојби, во нападот едно лице загинало, а четворица се ранети, пренесува РИА Новости.

Претходно, руското Министерство за одбрана излезе со соопштение за нападот.

„При одбивањето на нападот на вооружените сили на Украина врз базата Феодосија со воздушни ракети, оштетен е големиот десантен брод Новочеркаск. Системите за противвоздушна одбрана уништија два непријателски тактички авиони „Су-24“ во областа на населбата Жовтен, која истрела проектили управувани од воздух“, соопшти руското министерство, пренесува РИА Новости.

Лидерот на Крим Сергеј Аксјонов рано утринава објави дека украинските сили извршиле напад на пристаништето во Феодосија, што резултирало со експлозија и пожар.

Претходно, командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук изјави дека Украина извршила воздушен напад врз Федосија на Крим и дека во нападот бил уништен рускиот десантен брод „Новочеркаск“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.