Шпагети со пиперка е малку познато јадење кое сигурно ќе ви стане ОМИЛЕНО

Состојки:
350 гр шпагети
3 пиперки
1 кромид
супа од зеленчук од коцка
маслиново масло
рендано сирење

Подготовка:
Измиените пиперки исечкајте ги на неколку парчиња. Печете ги на грил тава со кората свртена кон изворот на топлина. Излупете ги и исечкајте ги на ленти. Ставете ги во сад, покријте ги со масло и оставете ги топли. Додека се варат шпагетите, пропржете го ситно исечканиот кромид додека да омекне, посипете го со половина црпалка супа од зеленчук. Во сад со подготвената пиперка и масло ставете ги исцедените шпагети. Посипете со сирење и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.