Шпанската влада во понеделникот како „лицемерни” ги оцени изјавите на поранешниот воен лидер на баскиската сепаратистичка организација ЕТА кој на почетокот од судењето во француската престолнина Париз изрази жалење за жртвите кои „немале никаква улога во судирот”.
Шпанската влада во понеделникот навечер реагираше на изјавите на 39-годишниот Мигуел Гарикоитц Асприару Рубин наречен Тчероки, кој беше уапсен во ноември 2008 година во Франција, откако во 2007 година со уште девет припадници на ЕТА грабна и држеше во заложништво шпанска брачна двојка со четиригодишно дете.
„ЕТА сака на жителите на Ори да им изрази жалење поради штетата која им е нанесена. Овие зборови се однесуваат на сите граѓани кои претрпеа штета поради активностите на ЕТА, иако немале никакви улоги во судирот”, изјавил Тчероки на почетокот од процесот.
Баскиското сепаратистичко движење ЕТА во октомври 2011 година објави дека престанива со вооружената борба, меѓутоа одбива да се расформира и да го предаде оружјето, како што тоа го бараат шпанската и француската влада. Бројот затворени припадници на ЕТА во затворите во моментов се движи околу 700,
ЕТА која од страна на ЕУ и САД е прогласена за терористичка организација, се смета за одговорна за смртта на 829 луѓе од почетокот на делувањето кон крајот на 60-те години од минатиот век и борбата за независност на францускиот и шпанскиот дел од Баскија и Навара.
Официјалниот датум на основањето на ЕТА е 31 јули 1959 г., кога група млади луѓе, кои се одделија од Баскиската национална партија, одлучија да се борат за независноста на Баскија со оружје.
Според шпанските полициски извештаи, првата жртва на баскиските терористи (иако организација никогаш не ја презема одгвоорноста за тоа убиство) е 22-месечното девојче Бегоња Урос Ибарола, коешто живо изгоре при самоубиствен напад извршени од терористи на 27-ми јуни 1960 година на железничката станица „Амара” во Сан Себастијан. Првпат организацијата официјално се појави на 7-ми јуни 1968 година, кога изврши терористички чин во кој загина полицаецот Жозе Пардинес.
Според последните пресметки на шпанските безбедносни служби, ЕТА е одговорна за убиствата на 858 луѓе. Последниот смртоносен напад на баскиските терористите беше извршен на 30-ти јули 2009 година во Мајорка, кога загинаа двајца полицајци.
Макфакс
Шпанската влада во понеделникот како „лицемерни” ги оцени изјавите на поранешниот воен л