Шпанската селекција со резултат 22-20 против Хрватска го одбрани европскиот трон. Натпреварот за титула го судеа македонските арбитри Николов и Начевски и одлично си ја завршија работата.
Хрватска и Шпанија водеа жестока борба во текот на целата средба и долго време резултатот одел во корист на едната или на другата репрезентација.
Хрватите беа подобри во првото полувреме, иако го загубија со гол негатива. Имаа постојана предност, често и со три голови разлика, но во финишот не знаеја како да го совладаат фантастичниот де Варгас.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.