Шпанската економија ќе се намали годинава за еден до 1,5 отсто, изјави во понеделникот министерот за економија Луис де Гуиндос во разговор за Wall Street Journal.
Според официјалните податоци, економијата би требало да се намали за 0,5 отсто, но претставник на владата овој месец за Reuters изјави дека прогнозата би можела да биде изменета и дека падот би можел да достигне еден отсто.Мадрид преговара со Европската комисија за продолжување на рокот за спуштање на буџетскиот дефицит во рамки на дозволените граници во Европската унија. Шпанската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд очекуваат активностите во шпанската економија во оваа година да се намалат околу 1,5 отсто.Министерот за економија Гундос изрази очекување дека во 2014 година ќе биде остварен благ раст.
Макфакс
Шпанската економија ќе се намали годинава за еден до 1,5 отсто, изјави во понеделникот министе