ШПАНИЈА ПОДГОТВЕНА ДА СОЗДАДЕ ЗАЕДНИЧКА ВОЈСКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Санчез: „Не за десет години, туку веќе утре“

Шпанија е подготвена да работи на создавање заедничка армија на Европската Унија „уште утре“ бидејќи само тогаш европските „средни сили“ можат да добијат безбедносно и одбранбено значење во денешниот свет, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

– Подготвени сме да се движиме кон заедничка европска армија, не за десет или две години, туку веднаш. Веќе утре, ако можам така да кажам – рече тој во Барселона на форумот „Европски пулс“ посветен на иднината на Европа.

Санчез верува дека создавањето заедничка армија не е прашање на избор, туку неопходност со оглед на моменталните војни во Украина и на Блискиот Исток, како и тензиите во светот.

– Европската Унија е составена од средни сили во областа на одбраната и безбедноста, и како таква можеме да бидеме значајни само ако изградиме заедничка армија – рече Санчез.

Тој истакна дека ова е неопходно за „другите да не ја искористат“ ранливоста на земјите од ЕУ во оваа област.

Санчез му пркоси на Трамп

Шпанскиот социјалист ги даде овие коментари во време на кревко примирје меѓу САД и Иран и израелски напад врз Либан, во време кога Брисел има мало влијание врз настаните таму.

Шпанија претходно го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми инвестициите во купување оружје на 5 проценти од БДП, износ што тој го побара од сите членки на воениот сојуз на НАТО.

Мадрид, исто така, го затвори својот воздушен простор за американски авиони кои би можеле да учествуваат во напад врз Иран, а исто така забрани и извоз на оружје во Израел преку своите пристаништа, обвинувајќи ги двете земји за водење нелегална војна со што се крши меѓународното право.

САД и Израел ја критикуваа Шпанија за ова, а Трамп ѝ се закани со трговски санкции во март.

Санчез, кој се соочува со парламентарни избори следната година, во петокот изјави дека инвестициите во заедничката одбрана и безбедност на ЕУ мора да бидат придружени со напори во други области, како што се растот на економијата и поттикнувањето на повеќе социјални станови.

The post ШПАНИЈА ПОДГОТВЕНА ДА СОЗДАДЕ ЗАЕДНИЧКА ВОЈСКА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА! Санчез: „Не за десет години, туку веќе утре“ appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: