Шпанија ја надмина Кина по бројот на починати од КОРОНА ВИРУСОТ

Шпанија ја надмина Кина по бројот на починати од КОРОНА ВИРУСОТ

Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 738 смртни случаи од коронавирусот. Тоа е досега најголема бројка на починати во едно деноноќие од избувнувањето на пандемијата.

Според најновите податоци соопштени од страна на министерството за здравство во Мадрид бројката на починати од Ковид-19 се зголемила на 3434. Тоа е пораст од 27 проценти во однос на вчерашниот ден.

Со новите црни бројки Шпанија ја престигна Кина и стана втора земја во светот по бројот на починати од новиот коронавирус, веднаш зад Италија, во која според податоците на американскиот универзитет Џонс Хопкинс досега починале 6820 луѓе. Во Кина пак бројот на починати изнесува 3285.

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!!

Па потоа прочитајте уште и ова:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.