Шпанската полиција го приведе Дани Алвеш

– Бразилскиот фудбалски репрезентативец Дани Алвеш е уапсен денеска во Барселона, откако жена минатиот месец го обвини за сексуален напад.

Во тужбата е наведено дека случајот датира од 30 декември лани и, наводно, се случил во дискотека во Барселона.

Алвеш, кој е најтрофеен фудбалер во историјата, тогаш ги отфрли обвинувањата и тврди дека не ја познава жената која ја поднела тужбата.

Обвинение за сексуален напад во Шпанија може да опфаќа сè – од несакано допирање до силување.

Бразилскиот фудбалер, како што јавија шпанските медиуми, е испрашан од полицијата, по што судот ќе одлучи дали ќе му биде одреден притвор или ќе биде пуштен да се брани од слобода.

Алвеш, кој е фудбалер на мексикански Унам, од 2017 година е во брак со познатата манекенка Жоана Санц. 


Пронајдете не на следниве мрежи: