Шпанскиот суд ја отфрли втората тужба против Шакира за даноците




Шпанскиот суд во четвртокот ја отфрли даночната истрага против колумбиската поп-ѕвезда Шакира, откако обвинителите одлучија да не покренат обвинение.

Шакира се согласи на спогодба минатата година за да избегне судење во Барселона под обвинение дека не ѝ платила на Шпанија 14,5 милиони евра данок на доход во приодот од 2012 до 2014 година. Таа, исто така, се соочи со втора истрага за наводна измама при пријава на данок од приходите и имотот во 2018 година.

Судот во градот Есплугуес де Љобрегат, во близина на Барселона, објасни дека нема докази за тврдењето на обвинителот дека Шакира „свесно и доброволно ги изоставила информациите и документацијата“ при подготовката на даночната пријава за 2018 година.

Пејачката, која има продадено милиони албуми ширум светот, 11 години живееше со поранешната шпанска фудбалска ѕвезда Жерар Пике и заедно имаат две деца. По разделбата се пресели во Мајами.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: