Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин и поради тоа привлече интерес од многу екипи.
Пред неколку дена во борба за потписот на Миовски се вклучи калчолигашот Болоња, а денеска во битката се вклучи и шпанскиот прволигаш Еспањол.
Абердин нема лесно да се откаже од услугите на Миовски, па според медиумите очекува да заработи околу осум милиони евра од трансферот на македонскиот фудбалер.