Шпанците ги надиграа Италијанците и се пласираа во осминафиналето


Во натпреварот од 2.коло од групата Б на ЕУРО во Гелзенкирхен, фудбалерите на Шпанија ја совладаа Италија со 1:0 (0:0) и се пласираа во осминафиналето на континенталното првенство.

Иако шпанската селекција беше надмоќна во текот на целиот натпревар, единствениот погодог во 55. минута всушнсот беше автогол на италијанскиот дефанзивец Рикардо Калафиори.

Во последното коло во понеделник ќе играат Хрватска и Италија, како и Шпанија и Албанија. Италија има три бода и доволно ѝ е реми со Хрватска за пласман во нокаут-фазата, додека Албанија би требало да оствари сензационална победа над Шпанија.

Импресивните Шпанци целосно го надиграа европскиот првак Италија, која може да му се заблагодари на својот голман Џанлуиџи Донарумо и непрецизноста на шпанските фудбалери што не претрпе тежок пораз. Шпанците на овој натпревар пропуштија голем број шанси, а односот на удари кон противничкиот гол беше 21-4 во нивна пшолза. Италијанците изгледаа немоќно против „Фуријата“.

Шпанците доминираа во првото полувреме, додека Италијанците најмногу се фокусираа на одбраната. Веќе по 90 секунди игра Шпанците ја имаа првата шанса, Нико Вилијамс испрати центаршут а нискиот Педри се најде целосно сам, шутираше со глава, но голманот Џанлуиџи Донарума го изваде ударот од под пречката. Сепак, се доби впечаток дека само шпанскиот напаѓач мораше да одигра подобро со глава и да бие во левата небранета страна од италијанскиот гол.

Донарума се докажа и во 24. минута кога од непосредна близина го одбрани ударот на Алваро Мората, а минута подоцна опасниот удар на Фабијан Руиз, чиј удар по интервенцијата на италијанскиот голман заврши во пречката.

По левата страна особено опасен беше Вилијамс, кој во два наврата по бројните нафрлувања се обиде сам да постигне гол, но во двата наврата беше непрецизен. Италијанците имаа само шут кон голот во 45. минута, а ударот на Федерико Киеза мина над голот.

Во вториот дел Шпанија дури и ги засили нападите кон голот на Италија, а во 52. минута по центаршутот на Марко Кукуреља, Педри остана сам на десетина метри и шутираше само покрај голот во најголемата шанса на мечот дотогаш. Во 55. минута Шпанија поведе. Кукуреља повторно упати центаршут од левата страна, Мората биеше со глава, а Донарума ја одби топката директно на коленото на Рикардо Калафиори, кој така и без вина си постигна автогол.

По постигнатиот гол Шпанците го опседнаа голот на немоќните и безидејни Италијанци, а во 60. минута младиот Ламине Јамал истрлеа проектил од далечина, кој за малку мина крај голот. Во 70. минута Вилијамс откоско ја погоди пречката. За целосната доминација говори и тоа што до 70. минута односот на ударите беше 16-1 во полза на Шпанците. Во самата завршница влезе Ајозе Перез, кој потоа пропушти две одлични можности, па во последните минути имаше притисок кон голот на Шпанија, кој сепак не даде резултат.

Пронајдете не на следниве мрежи: