Штабот на ВМРО во Прилеп двојно заклучен. Кадарот од СДС командува без проблем

Денеска добивме информации од свиркачи кои се мошне интересни. Имено членовите на ВМРО побарале да си одржат состанок во просториите на Општинскиот комитет. На што им било одговорено дека мора да се запазува процедура, дека мора се да оди преку претседателот… Но тој претседател во меѓувреме и го закатанчил комитетот.
И веројатно мислел дека завршил работа. Но се случил пресврт. Имено некои од членовите се досетиле и тие да го заклучат Општинскиот, па на сликата што ја добивме се гледаат два катанци. Еден од претседателот, кој патем бил и член на СДСМ, за што добивме потврда и ја објавуваме во текстов, а другиот катанец од членовите.
Како што може да се насети, членството е се понезадоволно од султанското водење на партијата и се самоорганизира, исто како што се самоорганизираше за бојкот на референдумот. И со тоа одигра пресудна улога во минатиот период. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.