Јавноста не знае каков имот има Христијан Мицкоски, прв човек на ВМРО-ДПМНЕ. Не е обврзан да го обзнани ова на граѓаните, бидејќи не е државен функционер. Нема поднесено анкетен лист, затоа што тоа не е ниту побарано од него. Во интервјуто за „А1он“, Мицкоски, откри дека дома кај него се штеди. Сите членови се наоблекуваат, за да им биде потопло, а грејните тела им се со намалена тепература. Истовремено, откри и од какви примања живее.
„Дома се повеќе сме облечени, пониска е температурата, помалку грееме“, рече Мицкоски, па прашан од новинарот: „Штедите и вие?“, Мицкоски одговори: „Па нормално дека штедиме, јас живеам од професорска плата, јас во политиката живеам од примањата кои ги имам од мојата матична институција – Машинскиот факултет во Скопје. Нормално е дека како влијае инфлацијата врз другите семејства, влијае и врз моето семејство. Јас не водам бизнис, немам дополнителни приходи“, кажа Мицкоски.
Денеска високата цена на електричната енергија е причина за несреќата на многу семејства, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот А1 ОН и додаде дека енергетската криза прераснала во општа економска криза бидејќи граѓаните кога пазаруваат можат да забележат како се намалува кошницата, бидејќи за разлика од сега порано како што рече тој со 1000 денари можело да се купат многу повеќе прехранбени производи.
„Јас не знам Ковачевски како ги разбира граѓаните, но ценејќи според неговите политички потези и однесување мислам дека воопшто не ги разбира. Но, доволно е да се појде во продавница, не за да се купи тост, туку да се појде до продавница и да се испазаруваат основни прехранбени производи. Порано со 1.000 денари можеше да се купи многу повеќе, можеби два пати повеќе производи отколку сега“, додаде Мицкоски.
Штеди струја и се облекува „дебело“ по дома: Мицкоски откри од кои пари живее
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.