Лекар од Итната медицинска помош во Штип е позитивен на корона вирус. Тоа во изолација однесе цел тим, односно шестмина негови колеги.
Од Здравствениот дом велат дека тоа засега нема да се одрази на нивната работа, епидемилозите ќе носат одлука како ќе се постапува со пациентите што имале контакт со лекарот. Тимот што сега е во изолација последен пат на работа бил во недела.
За 24 часа во Штип 12 здравствени работници заминаа во изолација, а позитивни случаи има на неколку одделенија во болницата.
Вчера по еден позитивен случај и одделението за грижа на новороденчиња остана без цела смена. Од општинскиот кризен штаб апелираат сите фирми и институции каде има голема фреквенција на луѓе да постават ковид координатори што ќе вимаваат на спровдување на мерките, да нема групирања надвор и внатре во објектите и правилно да се носи заштитнта опрема.
„Од стартот на пандемијата се изречени над 170 казни за непочитување на здравствените мерки, но многу е поважно луѓето да сфатат дека е потребно да се носат заштитни маски и да се почтуваат другите препораки за да се сопре ширењето на заразата, велат од општинскиот кризен штаб.“
Денеска ССМ на својот фејсбук страница објави дека на барање на своите членови побарале вонреден инспекиски надзор во три штипски фирми. И покрај регистрираните позитивни случаи во нив не вршело редовно дезинфекција на просторот, а имале и ист превоз до работа.