Штипскиот татко Бочварски призна: „Имавме мало опуштање…“

На прашањето на што се должи зголемениот број на случаи на коронавирус во Штип во последната недела, во емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ 21 градоначалникот Благој Бочварски призна дека „имале мало опуштање“, по што следувала ескалацијата ан заразени.
„Имавме опуштање после тој прв бран, и затоа сега имаме зголемување на случаите. Но сега луѓето брзо сфатија дека ситуацијата е алармантна, и затоа мислам дека ги почитуваат мерките, иако, за жал, има и такви кои не се придржуваат до мерките и не веруваат во вирусот“, рече Бочварски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.