Штипјанец одлучил да замине во Сисак и да помогне: Страшни глетки, но обединети сложни се борат

Штипјанецот Александар Ѓорѓиевски кој откако ги виде страотните снимки од Сисак, Патриња и Загреб, одлучи сам да замине и добоволно да помогне, таму каде што е потребно.
Тој по пристигнувањето во Хрватска на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека заминал во Сисак и каде што бил вклучен во активностите за помош на жителите на овој град.
– Страшни глетки, но обединети сложни се борат, народот е вклучен. Хуманитарни пакети, полни камиони и шлепери донации пристигнуваат од сите страни. Работава искрено е многу тешка овде и да бидам искрен луѓе на терен имаат и премогу и од тоа се создава премногу хаос. Единици на војската и полицијата, тука екипите на Црвениот крст, но и волонтери како мене. Сите можни институции се на терен и кога многу луѓе даваат команди и инструкции, можете да претпоставите и каква е состојбата на терен – вели Ѓорѓиевски.
Тој додава дека на доброволиците не им е дозволено да работат работи кои се во надлежност на хрватските институции.
– Па поради тоа на сите волонтери им е посочено да ги истовараат хуманитарните пакети и да се доставуваат со комбиња до погодените граѓани кој останаа без кров над глава искрено таа работа два до три дена ќе се среди и потоа си преземаат тие – додава тој.
Штипјанецот испрати поздрав од Сисак им посака на сите да бидат живи и здрави и дека очекува работата за која е задолжен ќе биде готова за 36 часа според него, па по завршената работа се гледаат во неговиот роден Штип.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.