Штипјанец со корона вирус отишол да фрла отпад, ќе добие казна од 2000 евра!!
-Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника „Жан Митрев“ дека неговиот резултат од испитувањето на COVID-19 е позитивен, при што му било издадено Решение со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови. На 30 март тој не постапил по решението, го напуштил својот дом како место за самоизолација и со своето возило бил затекнат како фрла ќеси со отпад во близина на Здравствениот дом во Штип, информираат од Јавното обвинителство.